Предноста на Висла достижна, уверени во таборот на Вардар

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар в сабота на домашен терен ќе се обиде да ја анулира предноста од шест голови (32:26) што Висла ја оставри по првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите одигран во Полска.

На денешната прес-конференција тренерот на Вардар, Раул Гонзлес и капитенот, Филип Лазаров изразија убедување дека можат да се пласираат во четвртфиналето.

– Ни следува најважниот натпревар во досегашниот тек сезонава. Во Плок одигравме лошо и во нападот и во одбраната и мораме да го подобриме сето тоа ако сакаме да продолжиме понатаму. Трениравме добро оваа недела, немаме повредени играчи и се надевам дека атмосферата на домашен терен ќе биде одлична и ќе ни помогне да одиграме подобро. Секогаш кога игра Вардар на домашен терен атмосферата е извонредна, а тоа ни е многу важно затоа што нѐ очекува  тешка задача, разликата е шест гола, а тоа не е малку, изјави тренерот Гонзалес.

Лазаров рече дека не може да се повтори лошиот ден од Полска и дека местото на Вардар е меѓу најдобрите осум во Европа.

– Одигравме многу лош натпревар од Полска, имавме лош ден. Екипата на Висла одигра над своите можности, а ние не бевме ни на 50 посто. Се надевам дека во Скопје ќе се сменат некои работи, дека тие нема да одиграат толку добро, но и дека ние ќе го покажеме вистинското лице. Нашето место сигурно е меѓу најдобрите осум во Европа, истакна Лазаров.

Мечот се игра в сабота во Сц „Јане Сандански“ од 20 часот и 15 минути. Билетите се распродадени.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он