Ракометарите на ППД Загреб остварија победа на вечерашниот дуел од СЕХА лигата над Макс Струмица со 40:21. Со новите три бодови хрватскиот шампион изби на чело на табелата на СЕХА лигата со ист број бодови (27) со Татран Прешов, кој денеска неочекувано загуби дома од Нексе. Најефикасен на дуелот беше Игор Милосављевиќ од Макс Струмица со 9 голови, додека Ловро Михиќ кај ППД Загреб постигна 8.
На другите два дуела одиграни денеска: Татран Прешов – Нексе 26:31 и Веспрем – Борац 32:25.
Утре се игра натпреварот во Нови Сад меѓу Војводина и Вардар.
Табела: ППД Загреб 27 бодови, Татран Прешов 27, Веспрем 25, Вардар 25, Мешков Брест 21, Нексе 18, Војводина 11, Борац 10, Спартак 7, Макс Струмица 2.