Познати составите за дуелот Вардар – Висла

Од:

Официјалниот вебсајт на ЕХФ ги овјави составите за вечерашниот натпревар (20:15) меѓу Вардар и Висла во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Нашиот тренер, Раул Гонзалес, ги врати во екипата Петар Ангелов и Стефан Терзиќ, кои во Плок не добија шанса.

Овој пат нема да играат Страхиња Милиќ и Добривоје Марковиќ, кој имаше здравствени проблеми.

Вардар ќе бркаат победа од шест и повеќе гола за да ги анулира оние 32-26 од првиот натпревар и да се пласират меѓу најдобрите осум во Европа.

Вардар: Штербик, Ангелов, Абутовиќ, Брумен, Чипурин, Дибиров, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Лазаров, Прибак, Растворцев, Шишкарев, Стоилов, Терзиќ, Тоскиќ.

Висла: Коралес, Вихари, Моравски, Дашек, Јонеа, Јуркиевич, Квјатовски, Монторо, Никчевиќ, Пјеховски, Ракотеа, Сипжак, Тјуменцев, Вишњевски, Зеленовиќ.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он