Три од четири места за тимови во полуфиналето на плејофот во Источната конференција во НБА се пополнети. Откако Бостон Селтикс ја обезбедија својата позиција таму против Мајами Хит, Њујорк Никс и Индијана Пејсерс се пласираа меѓу последните четири на Истокот.
Без Бојан Богдановиќ, кој ќе мора да паузира долга поради повреда и операција, Никс вечерва ја победија Филаделфија 76ерс со 118:115 и изборија пласман во конференциското полуфинале со вкупни 4:2. Таму ќе играат против Индијана Пејсерс, кои во шестиот натпревар го победија Милвоки Бакс со 120:98 и закажаа серија со Њујорк.
На истокот има само една непозната меѓу полуфиналните двојки. Бостон ќе игра против подобриот од серијата во која силите ги одмеруваат Орландо Меџик и Кливленд Кавалирс. Кавси имаат предност од 3:2 пред шестиот натпревар.
На синоќешниот натпревар Њујорк до победата го предводеа Џејлен Брунсон со 41 поен и 12 асистенции, Донте ДиВинченцо со 23 поени и седум асистенции и Џош Харт со 16 поени, 14 скока и седум асистенции. Филаделфија имаше тројка која ќе го испрати натпреварот во продолжение. Бади Хилд, стрелец на 20 поени, го промаши од тешка позиција. Најдобар кај 76-те беше Џоел Ембиид со 39 поени и 13 скока.
Никс сега имаат серија за финалето на Истокот. Ќе го играат против Пејсерси кои на синоќешниот натпревар ги предводеа Оби Топин со 21 поен и осум скока и Т.Ј. Мекконел со 20 поени и девет асистенции. Бакс, без Џанис Антетокунмпо во целата серија, се збогуваат со шансата за титула.
Најмногу во последниот натпревар за нив оваа сезона покажаа Демијан Лилард со 28 поени и Боби Портис со 20 поени и 15 скока.
фото: New York Nicks