Македонските претставници во ракометната Лига на шампиони, првакот Вардар и вицепрвакот Металург попладнево ги дознаа своите противници за новата сезона во елитното ракометно натпреварување.
Шампионот Вардар ќе игра во Б групата против актуелниот европски првак Кјелце, германскиот Рајн Некар, хрватскиот шампион Загреб, како и екипите на Мешков Брест, Пик Сегед, Целје и Кристијанштад.
Тимот пак на Металург ќе биде дел од Ц групата, во која за противници ќе ги има екипите на: Ла Риоха, Чеховски Медведи, Монпелје, Елверум, како и победникот од квалификациската група 1 во која се екипите на Горење, Татран, Ред Бојс или Кокс.
Во останатите две групи ќе играат:
А група: Веспрем, Барселона, ПСЖ, Бјерингбро-Силкеборг, Висла Плоцк, Фленсбург, Кадетен Шафхаузен и Кил.
Д група: Нант, Холстебро, Мотор Запорожје, Бешикташ, Динамо Букурешт и квалификант од група 2.
Натпреварите од новата сезона во машката ракометна Лига на шампиони ќе стартуваат на 21 септември.