Одбојкарските репрезентации на Бразил и Франција со победите над Русија, односно Србија успеаја како првопласирани од групите да обезбедат полуфинале на годинашново издание од Светската лига.
Двата дуела завршија со 3:2 во сетови.
Во дуелот од групата Ј домаќинот на завршниот турнир Бразил ја победи селекцијата на Русија и ја оправда фаворитската улога, додека од групата К, Франција со победата над ланскиот освојувач на Светската лига – Србија обезбеди полуфинале.
Табела Ј група: Бразил 5 бодови, Канада 3, Русија 1.
Табела К група: Франција 4, САД 4, Србија 1.
Во полуфиналето вечерва играат: Бразил – САД и Франција – Канада.