Познати финалистите на Западот во НБА

Од:

Шампионот на НБА, Голден Стејт ја продолжува својата одбрана на титулата откако се квалификува во финалето на Западната конференција.

„Воини“ утрово го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс на свој терен со 113:104 и со тоа ја затворија полуфиналната плејоф серија со 4:1 во победи.

Ѕвездата на домаќините, Стеф Кари постигна 28 поени. Дрејмонд Грин додаде 19 поени и 14 скока.

Ентони Дејвис повторно беше одличен за „пеликаните“ со 34 поени, 19 скока и четири блока, а Дру Холидеј го заврши натпреварот со 27 поени и 10 скока.

Хјустон Рокетс исто така ја освои својата серија против Јута Џез и се квалификуваше во финалето на Западот.

Крис Пол имаше одлична партија и запиша „дабл-дабл“ со 41 поен и 10 асистенции за „ракетите“, а Џејмс Харден вчеравечер беше поскромен, откако го заврши мечот со 18.

Донован Мичел заврши со 24 поени за Јута, а Алек Буркс додаде 22.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот