Репрезентацијата на Бразил е последната која избори пласман во четвртфиналето на Светското првенство во кошарка што се игра во Шпанија. Синоќа Бразил во последниот осминафинален дуел ја победи Аргентина со 85:65. Најнеизвесен натпревар одиграа Турција и Австралија, а триумф од 65:64 постигнаа кошаркарите на Турција.
Србија оствари висока победа од 90:72 над Грција, додека Литванија беше подобра од Нов Зеланд со 76:71 на вчера одиграните натпревари. Во саботата четвртфиналето го изборија: Шпанија, САД, Словенија и Франција.
На шампионатот денеска е слободен ден, а утре во Барселона ќе играат: Литванија – Турција (почеток 17 часот) и Словенија – САД (21 часот).
Во среда на програмата се другите два четвртфинални дуела кои се играат во Мадрид: Србија – Бразил (18 часот) и Франција – Шпанија (22 часот).