Како што дознава српски Курир од извори блиски до Меѓународната боречка федерација, Зураб Датунашвили е суспендиран на пет години од спортот поради кршење на антидопинг правилата. Дополнително на сето тоа – ќе му бидат одземени сите медали што ги освои од мај 2021 до април 2023 година.
Тоа значи дека Зураб ќе остане без освоените медали на Олимписките игри во Токио, кои се одржаа во јули и август 2021 година.
– Меѓународната антидопинг агенција спроведе истрага и утврди дека Зураб ги прекршил антидопинг правилата. Тој користеше строго забранет метод и влијаеше на процесот на антидопинг контрола.
Што се однесува до понатамошниот процес, Зураб поднесе жалба, па целиот случај е пред CAS во Лозана. Кога ќе одлучат по жалбата, ќе се донесе одлука за одземање на медалите и бришење на сите резултати во наведениот период.
Зураб се повлече од борењето во декември 2023 година. Очигледно сите овие настани имале причина за неговата одлука. Се чека расплетот на комплетната ситуација, а ќе следи кога Судот во Лозана ќе донесе конечна одлука по жалбата на искусниот борач.