Вториот меѓународен женски ракометен турнир „Трофеј Вардар” ќе се одржи во периодот од 23 до 26 август во салата во СЦ „Јане Сандански”.
На турнирот покрај домаќинот Вардар ќе учествуваат и екипите на Будуќност (Црна Гора), Одензе (Данска), ЧСМ Букурешт (Романија), Краснодар и Ростов (Русија).
Екипите ќе бидат поделени во две групи. Победниците од секоја група ќе играат во финалето, а другите за пласман со тим од другата група. На турнирот ќе се изберат најдобар голман, играч и стрелец.
Група А: Будуќност, Вардар и Краснодар.
Група Б: Одензе, ЧСМ Букурешт и Ростов.
Распоред на натпревари:
23 август 2017
15 часот ЧСМ Букурешт – Ростов
17:15 ч. Вардар – Краснодар
24 август 2017
15 ч. Одензе – ЧСМ Букурешт
17 ч. Будуќност – Вардар
25 август 2017
15 ч. Ростов – Одензе
17 ч. Краснодар – Будуќност
26 август 2017
14 ч. Меч за 5 место
16 ч. Меч за 3 место
18 ч. Финале.
На првото издание мината година победник на турнирот беше домаќинот Вардар.