Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија (до 21 година) својот настап на Светското првенство ќе го започне со дуелот против врсниците од Русија. Македонија ќе игра во Ц групата, на Мунидјалот во Алжир и ќе стартува на 18 јуни против Русија, по што ќе следуваат дуелите против Буркина Фасо, Тунис, Шпанија и Бразил.
Распоред:
18 јули Македонија – Русија (15 часот)
20 јули Македонија – Буркина Фасо (21 часот)
21 јули Македонија – Тунис (19 часот)
23 јули Македонија – Шпанија (19 часот)
24 јули Македонија – Бразил (19 часот).
Македонските ракометари ќе атакуваат на едно од првите четири места во групата кои носат пласман во осминафиналната рунда.