Пожарникарскиот крос „Пожарко“ по десетти пат во општина Аеродром

Од:

Традиционалниот пожарникарски крос – натпревар „Пожарко 2017“ денеска по десетти пат ќе се одржи на кејот на реката Вардар, во близина на СЦ „Јане Сандански“ Општина Аеродром.

Како што соопштуваат од општина Аеродром, право на учество на кросот, во конкуренција на категорија машки 600 метри и женски 500 метри, имаат учениците од осмо и деветто одделение од основните училишта од Градот Скопје.

– Кросот се одржува по повод 20 мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија, во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, a во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје, велат од општина Аеродром.

Оттаму истакнуваат дека оваа традиционална спортска манифестација претставува значаен придонес во развојот на свеста кај младата популација за заштита од пожари.

Би можело да ве интересира

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Аеродромите во Сочи и Казан затворени од безбедносни причини

Запален „цитроен“ во скопски Аеродром, од пожарот опожарено е и возило „киа“

МВР: Уапсено е момче кое во Аеродром се истепало со двајца малолетници