Во истражувањето спроведено од „Мундо Депортиво“ мнозинство членови на фудбалскиот клуб Барселона. се изјаснија дека тренерот Ернесто Валверде треба да остане во тимот.
Во анкетата околу 80 проценти од членовите на каталонскиот клуб се изјаснија „За“. Од нив 60,33 отсто сметаат дека Валверде добро си ја врши работата, додека 18,33 проценти сметаат дека тренерот е одличен.
Педесет и четиригодишниот Валверде е предводник на Барселона од 2017 година. Досега на „Камп ноу“ ги донесе шампионскиот трофеј од Примера, Купот и Суперкупот на Шпанија.