Поскапеа билетите за финалето на Светското првенство поскапеа, сега чинат 10.990 долари

Од:

ФИФА, светската фудбалска управа, денес објави дека цената на билет за финалниот натпревар на претстојното Светско првенство ќе биде 10.990 долари, што е зголемување во однос на цената во декември минатата година, кога билет за тој натпревар чинеше 8.680 долари.

Цената за натпреварот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси беше зголемена откако по натпреварите од плејофот стана познато кои 48 екипи ќе учествуваат на Светското првенство, објавува „Гардијан“.

Билетите од втора категорија за финалниот натпревар ќе чинат 7.380 долари, а билетите од трета категорија 5.785 долари.

Цената на најскапиот билет за финалето на претходното Светско првенство одржано во Катар во 2022 година беше околу 1.600 долари.

ФИФА користи таканаречено „динамично“ ценообразување на билетите, но не објави кои натпревари и категории се достапни за купување, предизвикувајќи забуна кај навивачите.

Според „Гардијан“, употребата на динамично ценообразување е критикувана од навивачите и пратениците во Соединетите Американски Држави.

„Употребата на динамично одредување на цените на билетите за Светското првенство во 2026 година е во остра спротивност со основната мисија на ФИФА да промовира достапна и инклузивна промоција и развој на фудбалот на глобално ниво. И покрај соработката на градовите домаќини во остварувањето на визијата за најголемото и најглобално Светско првенство во историјата, последиците од динамичното одредување на цените ќе го направат Светското првенство во 2026 година финансиски најексклузивно и недостапно досега“, се наведува во писмото потпишано од 69 членови на Конгресот и испратено до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Инфантино во јануари изјави дека обемот на барања за билети што ги примила ФИФА е еквивалентен на „1.000 години Светски првенства одеднаш“.

Навивачките групи изразија загриженост за зголемувањето на цената на препродадените билети, а една од нив поднесе формална жалба до Европската комисија минатиот месец.

Би можело да ве интересира

ФИФА објави: Утре во 17:00 часот започнува последниот термин за продажба на билети за Светското првенство

Предраг Петровиќ

Украина бесна на претседателот на ФИФА: Морален дегенерик

Катерина Ѓуровски

Инфантино „смени плоча“: Треба да се укинат санкциите на Русија!

А1он

Инфантино: Пристигнаа 150 милиони барања за влезници за СП 2026

А1он

Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година

Платини: Јас да сум претседател на ФИФА, VAR нема да постои

А1он