Репрезентацијата на Португалија синоќа оствари победа над Англија во рамките на 1. коло на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржува во Чешка.
Португалиците триумфираа на вториот дуел од Б групата со 1:0 со голот на Жоао Марио во 57. минута.
На првиот натпревар од оваа група, Шведска со пресврт стигна до победата над Италија со 2:1. По водството на Италија од 1:0 Шведска имаше и исклучен фудбалер, а сепак со двата гола во вториот дел стигна до три бодови.
На шампионатот што се одржува во Чешка денеска е слободен ден, а утре се играат натпреварите од второто коло од А група: Чешка – Србија и Германија – Данска.