„Порше“ заврши со производството на својот најскап модел „Спајдер“

Од:

По 21 месец од почетокот на производството, од фабричките ленти се симна последниот, 918-ти „Порше 918 Спајдер“, чија цена во Европа изнесува околу 780.000 евра.

Наследникот на моделот „Порше Карера ГТ“, како концепт, за првпат беше претставен во јавноста во март 2010 година, на Саемот на автомобили во Женева.

Откако автомобилот наиде на позитивни реакции кај публиката и фановите на „Порше“, германскиот производител продолжи со работата на продукциската верзија, што светлоста на денот ја здогледа во 2013 година.

„Порше 918 Спајдер“ претставува актуелен технолошки врв на компанијата.

За погон беше избран хибриден систем што се состои од 4.6-литарски В8 мотор, со 608 кс (447 кW) и 530 Нм, и два електромотора. Електромоторите произведуваат 156 кс (115 кW) и 129 кс (95 кW), односно вкупно 285 „коња“. Максималната комбинирана сила на хибридниот погон изнесува 887 кс (652 кW).

„Порше 918 Спајдер“ го сврте славниот круг „Nordschleife“ на патеката Нирбургринг за неверојатни шест минути и 57 секунди и постави исклучително тежок предизвик за конкуренцијата.

Меѓутоа, со оглед на фактот дека првите луѓе на патеката најавија забрана за соборување на рекордот од безбедносни причини, прашање е дали некој од соперниците воопшто ќе има можност да го надмине овој резултат.

Иако „Порше“ уште кон крајот на 2014 година соопшти дека ги продал планираните 918 примероци, на фабриката и беа потребни уште половина година да ги комплетира и испорача сите нарачани автомобили.

Шефот на одделението за истражувања и развој во „Порше“, Волфганг Хац, тогаш изјави дека компанијата ќе ја искористи популарноста на моделот „918 Спајдер“ и во иднина ќе го понуди неговиот наследник.

-Тоа нема веднаш да се случи, но сигурно нема да чекаме ниту 20 години на новиот топ модел, изјави Хац.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ