Со претставувањето на новата „ГТС“ верзија компанијата „Порше“ продолжува со обновувањето на гамата на својот модел „Кајен“. Освен стилските подобрувања, унапреден е и погонскиот систем, па „ГТС“ сега развива 440 кс.
Со воведување на моделот „Кајен“, во 2002 година, „Порше“ навлезе во дотогаш за неа непознатата територија на СУВ возила.
Иако многумина беа скептични кон ваквиот исчекор на компанијата, времето и бројот на продадени автомобили покажаа дека „Порше“ направи добар потег.
Без разлика дали станува збор за двосед или за кросовер, „Порше“ сака сопствениците на нивниот модел да имаат чувство дека возат спортски автомобил.
„Порше Кајен ГТС“ беше создаден како израз на таквите заложби, па рестилизираниот модел, како што беше претходникот, го има „Спорт Десижн“ пакетот, што вклучува аеродинамични додатоци на полумесечините над тркалата, праговите, како и четири тркалезни издувни цевки и посебно дизајнирани 20 инчни алу фелни.
Во споредба со стандардниот модел, изменето е и потпирањето, така што сега автомобилот е понизок за 20-24 милиметри.
Во внатрешноста се истакнуваат навлаките во комбинација од кожа/Алкантар и извезените ГТС ознаки на наслоните за глава.
Спортските карактеристики се надополнуваат со новиот мотор. Место 4.8- литарскиот В8 атмосферец, што во претходната „ГТС“ верзија произведуваше 420 кс, сега е тука новиот 3.6-литарски В6 твин-турбо со 440 кс (332 кW) и 600 Нм максимален обртен момент.
Брагодарение на новиот мотор, „Кајен ГТС“ е во состојба од 0 до 100 километри на час да забрза за 5,2 секунди, односно за 5,1 секунди со опцискиот Спорт Хроно пакет. Максималната брзина во двата случаја изнесува 262 километри на час.
„Порше Кајен ГТС“ за 2015 година премиерата ќе ја има на претстојниот авто-салон во Лос Анџелес, а во продажните салони пристигнува во февруари. Почетната цена на германскиот шазар ќе изнесува 98.152 евра.