За сопствениците на стари, класични модели на „ Порше 911“, кои се подготвени да издвојат 1.184 евра, германскиот производител направи современ навигациски уред што многу убаво се вклопува во постојната инструмент табла.
Среќниците кои во своја сопственост го имаат „911“ од постарата генерација од сега можат дополнително да вградат фабрички навигациски уред, иако тој не ни постоел во времето кога овие автомобили биле произведени.
Навигацијата е конструирана така да одговара на димензиите на радио-уредот што некогаш се користел. За жал, ова ограничување влијаело на димензиите на екранот на навигацискиот систем, па дијагоналата на дисплејот изнесува само 3,5 инчи.
Заради малите димензии, но и ниската позиција на навигацијата, возачот, сепак, ќе мора главно да се потпира на аудио инструкциите.
Уредот може да се вгради во речиси сите модели на „Порше 911“ , од првата генерација од шеесетите години на минатиот век, па се до автомобилите произведени кон средината на деведесетите (серијата „993“).
Освен навигација, на возачот на располагање му останува и радиото, а мапите се складирани во ЦД мемориска картичка.
За оние кои сакаат да репродуцираат музика од современите електронски уреди, како паметните телефони, „Порше“ обезбеди Блуетут, УСБ и конекција за иПад, а системот е опремен со микрофон, па може да се користи и како „хандс-фрее“ поддршка за разговорите на мобилен.