Порше 911 Карера 4С Фејсбук

Од:

Во чест на пет милиони фанови на „Фејсбук“ легендарниот германски производител на автомобили „Порше“  претстави специјален модел 911 Карера 4С, во чие создавање учествуваа и неговите фанови.

911 Фејсбук е базиран на моделот Карера 4С со погон на сите тркала и е со металик сина боја и 20-инчни бели фелги, препознатливи за популарната социјална мрежа.

Аеродинамичниот каросериски пакет вклучува доработен преден спојлер и фиксен заден спојлер. Во внатрешноста доминира високо квалитетна кожа и брусен алуминиум, како и детали со сино осветлување на праговите на вратите.

Во внатрешноста на неколку места е изгравирано „Дизајниран од 5.000.000 Порше фанови“.

Порше на своите фанови им нуди можност да го тестираат овој автомобил во Порше Експирианс Центарот, кој се наоѓа на британската тркачка патека Силверстоун.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on