Инвестициите од шест милијарди евра, 1.200-те нови вработени исклучиво за лансирањето на Taycan, тековниот развој на продукцијата Porsche 4.0 и неспоредливото кампањско знаење низ целата компанија претставуваат цврста заложба за електична мобилност на производителот на спортски автомобили кој е во тековен процес на овие големи промени, со што уште еднаш ја потврдува својата способност за заштита на својата иднина.
„Ние предвидуваме дека над 50 проценти од моделите на Porsche, испорачани од 2025 година, ќе бидат комплетно електрични возила”, вели Лутц Мешке, заменик председател на Извршниот одбор во Porsche. Ова ќе вклучи значителни инвестиции во областите како развој и производство, како и во обука на персоналот. „Покрај ефикасните процеси, и приходите од дигиталните производи и услуги, исто така треба зголемено да придонесуваат на нашиот економски успех”, вели Машке.
Пример за ефикасен пристап се новите објекти за производство и монтажа на Taycan, кои во моментов се градат како „фабрика во фабрика’’ во главниот објект во Зуфенхаузен. Овој развој го сигнализира потегот на Porsche да се оттргне од традиционалниот принцип на производство. Албрехт Рејмолд, член на Извршниот одбор одговорен за производство и логистика, објансува: „Со примена на производството на флексибилна линија, Porsche ќе стане првиот производител на возила кој користи транспортен систем без управување од страна на возачи во континуираниот сериски процес на производство.“
Ова ќе му овозможи на брендот на спортски автомобил да ги комбинира предностите на традиционалниот пристап на континуирано производство со флексибилност на различна монтажа. Исто така, ќе овозможи и зголемување на бројот на работни циклуси со користење на истиот простор. Следејќи го концептот на „паметно, зелено, ефикасно“, Porsche исто така, го следи производството кое не им штети на ресурсите.
Процесот на производство на Taycan е јаглеродно неутрален, со идна цел да воспостави целосна фабрика која нема да има влијание врз животната средина.
Тесните работни односи помеѓу мотоспортот и сериското производство нагласуваат колку е важно споделувањето на знаењата. Како и Porsche 919 Hybrid, кој има повеќе Ле Ман победи, Taycan се напојува со иновативна 800 V технологија. Ова беше една од најважните одлуки за 919, бидејќи нивото на напон ефикасно го поставува курсот за целиот електричен погон: од батеријата, преку изгледот на електрониката и електро моторите, па сè до капацитетот на процесот за полнење.
При усвојувањето на пионерскиот пристап и специјалното развивање на соодветните 800 V компоненти, Porsche ги турна границите на она што е технички изводливо – вклучително и во однос на литиум-јонската батерија со течно ладење. Поради интензивното конкурентско опкружување на мотоспортот, Porsche продолжи да ги развива своите технологии. Брендот во моментот располага со најголемата моќ, како никогаш досега. За Taycan ова значи дека 800 V архитектура во возилото гарантира дека литиум-јонската батерија може да се полни за само четири минути.
Овој трансфер на знаење ќе достигне сосема ново ниво кога Porsche ќе влезе во Формула Е во 2019/2020 сезоната.