Спортед најновите информации, „Порше“ планира на саемот на автомобили во Женева во 2014 година да го прикаже моделот „911 ГТ2 Турбо“.
Автомобилот ќе биде темелен на неодамна претставеното „Порше 911 Турбо С“ што погонот го добива од 3.8-литарскиот твин-турбо мотор со 412 КW/560 КС.
Моторот, како и кај „Турбо С“ верзијата ќе биде поврзан со седумбрзински автоматски менувач со двоен кумплунг.
„Порше 911 ГТ2 Турбо“ ќе биде во состојба од 0 до 100 км/ч да стигне за околу три секунди, додека максималната брзина ќе надминува 320 км/ч.
За разлика од моделот „911 Турбо С“ кај кој снагата се пренесува на сите тркала, „ГТ2 Турбо“ ќе има заден погон, додека системот за управување на сите четири тркала ќе биде задржан.
За 2015 година се планира уште посилна „РС“ верзија чиј мотор ќе располага со 462 KW/628 КС.