Пораз за македонските кик боксери во денешните борби на ЕП

Од:

Македонските претставници кои денеска се појавија на Европското кик бокс првенство во Билбао, Шпанија доживеаја порази. Загубија, во своето деби Ненад Манојловски во категоријата -67кг лоу кик и Далибор Огњанов во категоријата  -75кг К1.

И двајцата ги завршија настапите на Европското првенство. Манојловски иако по првите две рунди водеше, неговиот противник Дачиќ од Црна Гора во третата рунда доминираше и на крајот победи.

Огњанов се сретна со претставникот на Русија Дашиев. Во првата рунда македонскиот кик-боксер се здоби со повреда на ложата на задната десна нога и во третата рунда поради болки не можеше да продолжи, односно по третото броење судијата го прекина мечот и му ја додели победата на Русинот.

Денеска од Македонците ќе настапат Димитар Ѓорѓеив -81кг лоу кик, Александар Најовски -86кг лоу кик и Мики Ивановски -81кг К1.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нокаут со колена: Борба на српски и косовски кик боксер

Предраг Петровиќ

Чимаев за две минути го „суреди“ Холанд па порача: Ќе ги убијам сите!

Македонските кикбоксери освоија 65 медали на „Балканс бест фајтерс 6“

Ана Ололовска

Македонскиот кик боксер Бобан Илиоски со нокаут во првата рунда стигна до голема победа во Белград

Катерина Ѓуровски

Златните момчиња од Кик-боксинг клубот „Ас“ на прием кај градоначалникот Трајковски

Ана Ололовска

Делчевските кик-боксери со пет медали ја започнаа новата натпреварувачката сезона

Ана Ололовска