Пораз за Лејкерси, победа на Бостон

Од:

На четирите одиграни натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, единствената победа на домашен терен ја постигна Денвер совладувајќи го тимот на Лос Анџелес Лејкрес.

Тандемот Вилсон Чандлер со 23 поени и Ти Ловсон со 22 поена се најзаслужни за триумот. Домашните до победата стигнаа благодарение на одличното прво полувреме кое го добија со 67:54.

На петтиот натпревар во седум дена на гостински терен Бостон славеше триумф против незгодинот домаќин Јута. Кошаркарите на Бостон мораа да одиграт дополнителните пет минути за да се израдуваат на победата. Најефикасен беше Пол Пирс со 26 поени.

Резултати на ноќешните натпревари: Торонто – Вашингтон 84:90, Детроит – Атланта 103:114, Денвер – Лос Анџелес Лејкерс 119:108 и Јута – Бостон 107:110 (по продолжение).

Двојки за вечерва: Филаделфија – Орландо, Индијана – Голден Стејт, Мајами – Сакраменто, Чикаго – Кливленд, Њу Орлеанс – Бруклин, Далас – Милвоки, Феникс – Минесота и Лос Анџелес Клиперс – Шарлот.

Пласман Источна конференција: Мајами 40-14 (победи-порази), Индијана 35-21, Њујорк 33-20, Атланта 32-23, Бруклин 33-24,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 45-13, Оклахома Сити 41-15, Лос Анџелес Клиперс 40-18, Мемфис 37-18, Денвер 36-22,…

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он