Пораз од Доминиканците и збогување со Лондон

Од:

Македонската кошаркарската репрезентација е поразена во четвртфиналето на квалификацискиот турнир во Каракас од Доминиканската Република со 86:76 и со тоа не избори пласман на Олимписките игри во Лондон.

Нашите кошаркари во првото полувреме имаа и +20, меѓутоа Франсиско Гарсија блесна во вториот дел и со вкупни 28 поени беше најзаслужен за победата на Доминиканците. Во нашиот состав Лестер МекКејлеб имаше 35 поени, Самарџиски 11 поени и 13 скока.

А Русија прва обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот, откако во четвртфиналето ја совладаа Ангола со 80:65 (25:21; 18:5; 17:16 и 20:23).

Противник на Русија во полуфиналето ќе и биде Нигерја која направи сензација совладувајќи ја Грција со 80:79.

Последни вечерва играат Литванците со Порторико, победникот од овој дуел ќе игра против Доминиканска Република. Само првите три селекции ќе обезбедат учество во Лондон.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он