Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија доживеа пораз од Финска со 3-1 (25-23, 25-22, 23-25, 25-21) во својот деби натпревар на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Словенија, Белгија, Франција и Холандија.
„Жолто-црвените“ покажаа солидна игра, посебно во третиот сет и на почетокот на четвртиот сет, во кој имаа предност и од 8-9, но не успеа да ја задржат предноста и поискусната Финска запиша триумф.
Вториот натпревар Северна Македонија во групата „Ц“ го игра утре од 17:30 часот против Турција, која во првото коло загуби од Русија.