Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа и вториот пораз на квалификацискиот турнир за Европското првенство 2015 година што се одржува во Вроцлав.Македонија попладнево загуби од домаќинот и фаворит за првото место во групата Полска со 3:0 во сетови.
Првиот сет домашната репрезентација го доби со 25:13, а во следните два беше 25:15.
Натпреварот траеше 68 минути.
На вториот натпревар од 2. коло Словенија уште еднаш победи со 3:2 (38:40; 25:18; 23:25; 25:18 и 15:10) во сетови, овојпат совладана беше Летонија.
На чело на табелата по две кола е Полска со 6 бодови, Словенија има 4, а Македонија и Летонија по 1.
Утре во последното коло Македонија со почеток во 15 часот ќе игра против Летонија.