Пораз на Металург на гостувањето кај Татран во Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот вицепрвак во ракомет Металург го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите откако попладнево загуби на гостувањето кај Татран Прешов со 27:22 (11:12).

Ракометарите на Металург пропуштија шанса за позитивен резултат, бидејќи на гостувањето во Прешов одиграа добро само во првиот дел кога имаа водство од седум голови (9:2) и на полувремето водеа со 12:11.

Во второто полувреме првакот на Словачка беше подобар ривал и заслужено го доби натпреварот.

Најефикасен на дуелот беше Јакуб Хрстка со 9 голови, додека кај Металург Милош Драгаш постигна 5, а Филип Талески 4.

Металург во следното коло гостува кај Чеховски Медведи.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ