На вториот ден на УС Опен изненадување направи тенисерката од Чешка Дениса Алертова која со 2:0 во сетови ја елиминира Ана Ивановиќ од Србија. Првиот сет Алертова го доби во тај брекот со 7:6 (7:4), додека во вториот беше убедлива и триумфираше со 6:1 во гемови.
За разлика од Ивановиќ, која важеше за фаворитка носителката број 5 и ланска полуфиналистка Симона Халеп од Романија на противничката Кирстен Флипкенс од Белгија и препушти само два гема – 2:0 (6:0 и 6:2).
Пласман во второто коло досега избори и Јарослава Шведова од Казахстан. Ова се првите три завршени мечеви од денешната програма на УС Опен.