Пораз на европскиот шампион Фенербахче на стартот од новата сезона од Евролигата

Од:

Кошаркарите на Фенербахче одбраната на европската титула ја почнаа со пораз на гостувањето синоќа кај екипата на Уникаха. Шпанскиот тим славеше триумф со 68:67.

Домашната екипа во последната четвртина во која прими само 10 поени поведе на почетокот и успеа да ја задржи предоста до крајот на натпреварот. Најпрецизен кај Уникаха беше Шермандини со 12 поена, додека во редовите на Фенербахче најефикасен беше Костас Слукас со 15 поени.

На другите дуели одиграни синоќа од стартното коло беа постигнати следниве резултати: Анадолу Ефес – Реал Мадрид 74:88, ЦСКА Москва – Милано 93:84, Бамберг – Макаби 71:88, Олимпијакос – Басконија 75:64.

Вечерва се играат другите дуели од 1. коло: Химки – Валенсија, Жалгирис – Црвена Звезда и Барселона – Панатинаикос.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос