Познатиот Ф1 инженер Џејмс Алисон кој што минатата година го раскина договорот со Ферари, од оваа сезона е нов технички директор на Мерцедес, соопштуваат од германско-британскиот тим.
Алисон може да се пофали со седум титули во Формула 1 во периодот од 2000. до 2006. година со тимовите на Ферари и Рено, за да неколку години подоцна се истакне и како технички директор на Лотус, кога креираше одличен болид со кој што Кими Раиконен успеа да стигне до неколку победи.
Заедно со Раиконен британецот се врати во Ферари, меѓутоа таа соработка не вроди со плод, па минатата година го прекинаа договорот, објаснувајќи дека му е потребен одмор, по смртта на неговата сопруга.
Но сега се враќа во најсилниот Ф1 тим.
„Возбуден сум што се враќам на работа по кратката пауза. Привилегија е да се добие ваква позиција во тим кој што имаше спектакуларни резултати во изминатите три сезони“ изјави Џејмс Алисон по потпишувањето со Мерцедес, кој во оваа сезона како возачи ги има Луис Хамилтон и Валтери Ботас.