Поранешен потпретседател на ФИФА признал примање поткуп

Од:

Поранешниот прв човек на фудбалска конфедерација на Јужна Америка Еухенио Фигередо признал земање поткуп како замена за задржување на правата за преноси на натпревари.

Управното тело на фудбалот на Јужна Америка е во центарот на корупциски скандал што изби по истрагата од страна на Федералното обвинителство на САД.

Фигередо во средата е екстрадиран во Уругвај, откако во мај беше уапсен под обвинение за корупција.

Веднаш по пристигнувањето во Уругвај, 83-годишниот поранешен потпретседател на ФИФА беше префрлен од затвор во болница поради болки во градите.

Адвокатот на Фигередо потврди дека неговиот клиент во изјава за судот кажал дека и тој и други функционери на ФИФА од Јужна Америка земале мито.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи