Поранешниот лекар во Формула 1 Гери Хирштајн тврди дека на повеќекратниот светски шампион му преостануваат од неколку месеци до неколку години живот.
– Очекуваниот животен век на пациент кој не покажува невролошки подобрувања се движи од неколку месеци до неколку години. Соопштено ни е дека Шумахер не е повеќе во кома. Тоа не е вест. Сметам дека ова е погрешна интерпретација на она што се случува. Мораме да бидеме реални и да кажеме дека како одминува времето постојат се помали шанси неговата состојба да се подобри, изјави Хирштајн.
Германскиот возач по несреќата на скијање на 29 декември минатата година и тешката повреда на главата неколку месеци беше во кома. Се лекуваше во Гренобл и во Лозана, а последните два месеци сега се наоѓа на домашна нега која според англиските медиуми чини 100 илјади фунти неделно.
Последните информации од семејството на Шумахер беа дека неговата состојба се подобрува и дека тој можел да ја движи главата и да реагира на звуци, но и натаму е неподвижен.