Поранешен кошаркар на Црвена звезда почина за време на тренинг

Од:

Трагични вести дојдоа од Србија. Нигерискиот центар Мајкл Оџо почина денес, откако доживеал срцев удар за време на тренинг со српскиот кошаркарски тим Партизан.

Според извори на „Еврохопс“, 27-годишниот кошаркар имал индивидуална тренинг сесија со „гробарите“, но во еден момент паднал додека трчал. Поранешниот играч на „црвено-белите“ бил веднаш однесен во болница, но не покажувал знаци на живот и лекарите не биле во можност да му помогнат.

Тој, според известувањата на медиумите, неодамна бил заразен од Ковид-19 вирусот, но успешно го надминал.

Оџо, кој исто така имаше американско државјанство, беше студент на државниот универзитет во Флорида од 2012 до 2017 година, а професионалната кариера ја започна во ФМП (Белград). Потоа помина две сезони со „ѕвездашите“ каде ја освои Јадранската лига и титулата во српскиот шампионат за сезоната 18/19.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Драконски казни за Партизан и Црвена звезда

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата