На Светското првенство во скијање денеска требаше да се вози трката во дисциплината спуст во машка конкуренција, но натпреварување немаше поради магла спуштена на еден дел од патеката.
Организаторите во неколку наврати го поместуваа стартот првично закажан за 12 часот, но временските прилики не ги уверија надлежните дека трката може да се одржи, а да не биде загрозена безбедноста на скијачите.
Одлуката кога ќе са одржи најатрактивната трка ќе биде донесена вечерва.
За утре е предвидено да се вози женскиот спуст.
По три одржани дисциплини домаќинот Швајцарија има по еден златен, сребрен и бронзен медал, Австрија и Канада освоија по едно злато и бронза, додека Лихтенштајн и Норвешка се со еден сребрен медал.