Поради корона-кризата за ОК Џио Струмица европската сезона заврши по само еден натпревар

Од:

Џио Струмица со пораз го почна и во еден ден го заврши настапот во шеснаестинафиналето на Челенџ купот на ЦЕВ. Освојувачот на двојната круна кај нас, убедливо загуби од Омонија во првиот од двата меѓусебни натпревара закажани на теренот на противникот.

Нашиот тим освои 20 поени во првиот, 19 во вториот и 18 во третиот сет, но со оглед што поради здравствената криза, солунскиот аеродром ќе биде затворен, утрешниот реванш закажан точно напладне, воопшто нема да се игра. Струмичките одбојкари се принудени порано да ја напуштат Никозија, а тоа значи дека Омонија ќе оди во наредната фаза во којашто најверојатно ќе се сретне со турскиот тим Зират банка од Анкара.

Доколку постоеше реванш, на Џио Струмица утре ќе и беше потребна каква било победа, а потоа и успех во „златниот сет“, но со оглед на целата ситуација, пропадна и таа минимална шанса за македонскиот претставник.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ