Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ прославува 65 години од почетокот на производството на познатиот модел „Typ 2“, што низ целиот свет е познат под различи имиња, како што се: Комби, Транспортер, Кампер, Микробус…
Настанат врз основа на скици од 1947 година, оригиналниот „Typ 2“ од 1950 година веќе ги имаше стилските елементи што го инспирираа дизајнот за првата „буба“.
За погонот на ова транспортно возило беше употребен 1.1-литарски мотор со 25 кс (19 kW) што му обезбеди доволно моќ да носи до осум лица. Со отстранување на последните два реда седишта, се добиваше простор за носење товар, па „Typ 2“ се користеше и како комерцијално возило.
Големата побарувачка на овие автомобили го натераа „Фолксваген“ после неколку години да отвори посебна фабрика, во која се изработуваше само „VW Kombi“.
Романтичната претстава за „Комби“ настана во текот на 60-тите години од 20-от век, кога ги освои и присвои, пред се, младите во развиените западни земји.
Како симбол на хипи културата, користен беше како превозно срество, но и како куќа на тркала.
Првата и втората генерација модели „Typ 2“ веќе со години наназад спаѓаат во категоријата автомобилски класици, а по 65 години и 11 милиони произведени возила, името „Транспортер“ и натаму е присутно во гамата на „Фолксваген“.
Од германската компанија најавуваат дека актуелната петта генерација во текот на 2015 година ќе добие наследник, „Т6“, што треба да ја продолжи долгата серија од шест и пол децении.