Поповски: Ова е само увертира, ќе бидеме уште подобри

Од:

Ракометарот на Вардар, Мартин Поповски на синоќешниот дуел од СЕХА лигата против Татран, ги постигна првите два гола во ова натпреварување и покажа дека има потенцијал и квалитет да го носи „црвено-црниот“ дрес.

– Сакам да му се заблагодарам на тренерот што му даде шанса да играм на СЕХА натпревар. Работата со младите категории во Вардар се надевам дека во иднина ќе резултира со повеќе првотимци. Против Татран ја оправдавме улогата на фаворити. Не очекуваат следни силни натпревари, и ова беше само увертира, и верувам ќе бидеме уште подобри, изјави 22-годишниот Поповски.

Тренерот Раул Гонзалез е задоволен од формата на неговиот тим пред почетокот на Лигата на шампионите.

– Задоволен сум од резултатот, и сакам да им честитам на играчите што добро одиграа. Ни беше тешко зашто ни требаше концентрација. Имавме добра одбрана 5-1 со добар голман во првото полувреме кога ја направивме разликата. Вториот дел го одигравме исто добро, со ист интензитет. Се радувам дека одигравме добри натпревари и на сите игравме максимално добро.

Вардар го победи Татран со 38:21 и се зацврсти на првото место на табелата во регионалната лига.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ