Во фудбалскиот шампионат на Македонија, односно Првата лига до крајот на првенството остануваат уште три кола. Денеска на програмата се средбите од 34-тата рунда, која носи неколку интересни средби пред се на екипите кои претендираат за 3-то место на табелата кое носи пласман во квалификациите за Лига Европа.
Екипата на Работнички, која во моментов е третопласирана со 53 бодови, попладнево гостува во Тетово кај Шкендија.
Натпревари на гостински терен ги очекуваат и Пелистер (51 бод) и Ренова (48). Битолчани ќе играат во Кратово против Силекс, додека Ренова ќе има тешка задача на дуелот против шампионот Вардар во Скопје.
Во преостанатите два натпревари се среќаваат, Победа – Македонија ЃП и Шкупи – Брегалница.
Табела: Вардар 76 бодови, Шкендија 65, Работнички 53, Пелистер 51, Ренова 48, Силекс 42, Победа 35, Шкупи 33, Брегалница 21, Македонија ЃП 19.
Сите средби ќе започнат во терминот од 16 часот и 30 минути.