Министерството за внатрешни работи на Грција наводно го уапси убиецот на грчкиот навивач Михалис (29), кој беше убиен во синоќешната пресметка со хулиганите во Атина, пишуваат грчките медиуми.
Според грчките медиуми, полицијата е сигурна дека убиецот е меѓу 98-те уапсени навивачи кои во моментов се на распит.
Според официјалните информации, по тепачката меѓу навивачите на АЕК и Динамо, уапсени се државјани на шест држави: 82 Хрвати и 12 Грци, односно еден Германец, еден Албанец, еден Австриец и еден државјанин на Босна и Херцеговина. Покрај смртта на еден млад човек, повредени се пет грчки и тројца хрватски навивачи. Исто така, девојка (12) била погодена од камен во главата, но не се здобила со сериозни повреди.
Во меѓувреме, АЕК го обвини Динамо од Загреб и грчката полиција дека се главни виновници за нередите во Атина, по кои УЕФА го откажа вечерашниот натпревар, а поради ова и челниците од „Максимир“ се плашат од протерување од Европа.
Во полициското соопштение се наведува дека група од 100 до 120 навивачи направиле хаос во Атина, а најверојатно им помогнале „братските“ навивачи на Панатинаикос. Двете навивачки групи со години се во добри односи, а Панатинаикос е од Атина, исто како и АЕК. П
„Во понеделникот вечерта група од околу 100 до 120 навивачи на Динамо од Загреб, заедно со пријателски навивачи од Грција, беа во Перисос (метро станица во Атина). Насобраните навивачи на АЕК не беа далеку од нив. Имаше инциденти меѓу две навивачки групи кои фрлаа факели, камења, импровизирани работи, а беа употребувани и палки. Инцидентот се случил час и половина откако Динамо Загреб завршил со тренинг и го напуштил теренот, а полицијата ги спроведе играчите и целата екипа до хотелот. По пријавата, полицијата пристигна на местото на конфликтот и уапси 98 навивачи. Отворена е истрага и ќе се утврдува идентитетот на сите учесници во тепачката“, се вели во полициското соопштение.