Полска, Тунис и Чиле конкуренти на македонските ракометари за пласман на Олимпијадата во Рио

Од:

Со завршувањето на шампионатот на Африка, пополнета е групата за олимписките квалификации во која ќе игра и македонската ракометна репрезентација.

За пласман на Олимпијадата 2016 во Рио, Македонија (деветто пласирана од СП во Катар) ќе се бори со Полска (третопласирана од Мундијалот во Катар), Тунис (втор од шампионатот на Африка) и Чиле (трет од шампионатот на двете Америки).

Натпреварите од олимписките квалификации ќе се играат од 7-10 април, а двете првопласирани реперезнтации од секој турнир ќе изборат учество на игрите во Бразил.

Ќе се играат три квалификациски турнири:

Група 1: Полска (3.место СП), Македонија (9.место СП), Чиле (3.место Америка), Тунис (2.место Африка).

Група 2: Шпанија или Данска, Словенија (8.место СП), Иран (2.место Азија), Шведска (8.место Европа).

Група 3: Данска или Хрватска или Германија (две од трите селекции), Норвешка (3/4.место Европа) и Бахреин (3.место Азија).

Домаќините на турнирите дополнително ќе бидат одредени.

Досега пласман на Олимписките игри имаат обезбедено: Бразил (домаќин), Франција (светски првак), Катар (шампион на Азија), Египет (шампион на Африка), Аргентина (вицешампион на Америка). Директен пласман ќе обезбеди и европскиот шампион Шпанија или Германија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони