Полска последен противник на македонските одбојкари во квалификациите за ЕП

Од:

Селекцијата на Полска е последниот противник на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, во квалификациите за ЕП кое во 2015 година ќе се одржи во Италија и Бугарија.

Попладнево во словенскиот град Стожице, нашите одбојкари ќе имаат тешка задача во дуелот со фаворизираната селекција на Полска да го поправат впечатокот во овој квалификациски циклус. Избраниците на селекторот Жарко Ристоски во вториот круг од квалификациите, забележаа само една победа (над Летонија) и претрпеа четири порази (Словенија два пати, Летонија и Полска).

Натпреварот Македонија – Полска ќе започне од 16 часот, а во последната средба од квалификациската група 1 ќе играат домаќинот Словенија и репрезентацијата на Летонија. Табела: Полска 13 бодови, Словенија 8, Македонија 5 и Летонија 4.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ