Полска нема да дозволи да се натпреваруваат руски и белоруски спортисти

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека учеството на руски и белоруски спортисти на меѓународни спортски настани организирани од Полска ќе биде забрането, дури и под условите препорачани од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), т.е. под неутрално знаме.

„Русите нема да настапат во Полска. На натпреварите организирани во Полска нема да има руски спортисти. Ако МОК побара да учествуваат, нема да се согласиме“, изјави полскиот премиер.

Матеуш Моравјецки додаде дека официјална Варшава нема да ги спречи полските спортисти да учествуваат на натпревари на кои има и Руси и Белоруси, но дека властите ќе се обидат да се поврзат со други земји кои имаат моќ да вршат притисок врз МОК.

„Одлуката на МОК да им дозволи на руските спортисти да се вратат на натпреварите е скандал и предавство на вистинскиот дух на спортот. Побарав од министерот за спорт Камил Бортничук да го пренесе нашето цврсто противење на МОК. Ќе направиме се што е во наша моќ за да обезбедиме спортот да остане ослободен од руското влијание“, одговори премиерот Моравјецки.

Би можело да ве интересира

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците

Полска го презеде од Унгарија преседавањето со ЕУ

Полска и се закани на Русија – Варшава тестира ракета способна за неколку минути да стигне до Москва

А1он

Полска доби заем од четири милијарди долари од САД за трансформација на армијата

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он