Полицијата во Дубаи на располагање доби хибрид „BMW i8“

Од:

Со парите што Дубаи ги стекна благодарение на продажбата на нафтата, купен е најлуксузниот полициски возен парк во светот. Можеби сега дојде време локалните власти да размислат за оддржливата иднина и да се свртат кон еколоши прифатливите патролни автомобили.

Полицијата на Дубаи го претстави новиот патролен автомобил, а овој пат се одлучиле за хибрид и тоа не било каков. Станува збор за спорскиот модел „BMW i8“, чија цена изнесува повеќе од 100.000 евра.

Претставник на полицијата изјави дека новиот скапоцен автомобил, како и другите луксузни возила што се набавени пред него, ќе послужат, пред се, во промотивни цели, но и дека планираат нивната флота да стане „еколошки поприфатлива“ отколку што е сега.

„BMW i8“ е „Плуг-ин“ хибрид што покрај трицилиндичниот 1.5-литарски TwinPower мотор со турбо-бензинска сила од 231 ks (170 kW) и 320 Nm, има и електромотор со 131 кс (96 kW).

Комбинираната сила на хибридниот систем изнесува 362 кс (266 kW), а максималниот вртежен момент изнесува 570 Nm, што е сосема доволно „BMW i8“ од место до 100 километри на час да забрзува за 4,4 секунди.

Максималната брзина електронски е ограничена на 250 километри на час.

Меѓутоа, доколку полицајците се одлучат за опуштено крстосување по улиците на Дубаи, автомобилот може да се вози само со помош на електромоторот.

Во електричниот модем „BMW i8“ може да поминат околу 35 километри пред батеријата да се испразни, доколку возилото се управува со брзина до 120 километри на час.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ