Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ќе тргне од првата стартна позиција на трката од Шампионатот во Формула 1 што утре ќе се вози за Големата награда на Јапонија.
За Розберг ова е втора пол-позиција сезонава во Ф1.
Во утринските квалификации Розберг на патеката „Сузука“ оствари најбрзо време од 1:32.584 минути.
Друштво на Розберг од првиот ред ќе му прави тимскиот колега Луис Хамилтон.
Трето време забележа Валтери Ботас во Вилијамс, додека вториот стартен ред го комплетира Себастијан Фетел од Ферари.
Следуваат Фелипе Маса (Вилијамс), Кими Раиконен (Мерцедес), Даниел Рикиардо (Ред Бул)….
Денешната квалификациска сесија ја одбележа и инцидентот во кој возачот на Ред Бул, Данил Квјат кој имаше тежок судир со својот болид, но за среќа остана неповреден.
Трката во Јапонија утре стартува од 7 часот по македонско време.