Светскиот првак во Формула 1, германскиот возач Себастијан Фетел ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Италија.
До својата четврта пол-позиција на шампионатот во Ф1 сезонава, Германецот стигна со извозен најбрз круг со време 1:23.75 минути на денешните квалификации.
Клупскиот колега на Фетел од „Ред Бул“, Марк Вебер ќе тргне од втората позиција, додека третото место му припаѓа на Нико Хулкенберг од „Зубер“.
Од четвртата до десеттата стратна позиција ќе бидат: Фелипе Маса (Ферари), Фернандо Алонсо (Ферари), Нико Розберг (Мерцедес), Даниел Рикардо (Торо Росо), Серхио Перез (Мекларен), Џенсон Батон (Мекларен) и Жан Ерик Верњ (Торо Росо). Почетокот на утрешната 12. трка од Шампионатот во Формула 1 ќе се вози на патеката „Монца“ со почеток во 14 часот.