Пол позиција за Маса на трката за Големата награда на Австрија

Од:

Возачот на Вилијамс Фелипе Маса ја освои пол позицијата на денешните квалификации од трката за Големата награда на Австрија. Ова за Маса е 16. пол позиција во кариерата, а прва по ноември 2008 година кога во Бразил имаше прво место во „стартниот грид“.

До него во првиот ред ќе биде Валтери Ботас исто така од Вилијамс, а трето време имаше Нико Розберг од Мерцедес. Вториот ред ќе го комплетира Фернандо Алонсо од Ферари.

– Среќен сум поради пол позицијата, до која доаѓам по подолго време. Сега ќе мора да се сконцентрираме на трката. Мислам дека ова е почеток на нови постигнувања, изјави Маса по квалификациите.

Трката за Големата награда на Австрија се вози утре на патеката „Ред бул ринг“.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес