Пол позиција за Хамилтон во Малезија

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата за утрешната трка за Големата награда на Малезија, откако беше најбрз на денешените квалификации.

Тој имаше најдобро време 1:32.850 минута. Ова за него беше 100-та пол позиција во кариерата. Второто место му припадна на неговиот клупски колега и лидер во генералниот пласман Нико Розберг.

Во вториот ред од позицијата број три ќе стартува Макс Верстапен од Ред Бул, а неговиот клупски колега Даниел Рикардо ќе биде на местото број 4 на стартот.

Зад нив ќе бидат двата болида на Ферари со Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Трката за ГН на Малезија се вози утре наутро во 9 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес