Возачот на Ферари Себастијан Фетел имаше најдобро време на квалификациите за Големата награда на Мексико. Тоа за него е 50-та пол позиција во кариерата.
Во првиот ред до Фетел ќе биде Макс Ферстапен од Ред Бул, а потоа следи лидерот во генералниот пласман Луис Хамилтон од Мерцедес.
Вторите возачи на Мерцедес и на Ферари, Валтери Ботас и Кими Раиконен се пласираа на четвртото односно петтото место.
Стартот на вечерашната трка е во 20 часот, а Фетел со евентуален триумф може да ја одложи промоцијата на Хамилтон во светски првак.