Легендарниот англиски фудбалер Пол Гаскојн е во тешка состојба, бидејќи неговото тело лошо реагирало на одвикнувањето од алкохол. Пред четири дена бил преместен во една приватна клиника во САД.
Во лоша состојба е откако дојде во болницата. Престана да пие, па телото реагираше. Ораганите му престануваат и преместен е на интензивна нега. Би можел да умре, но се останува на докторите – изјави извор близок на фудбалерот.
Популарниот Газа веќе шест пати беше на одвикнување, но овој пат е упорен во желба да успее.
Лоша околност за него е и тоа што банкротирал, па нема доволно пари за лечење. Поранешните соиграчи Гери Линекер и ТВ водителот Пирс Морган му ја платија картата, а лечењето во приватната болницата е многу скапо.
Гаскојн прв пат отиде во болницата во 1998 година, бидејќи испил 32 чаши виски. Втор пат отишол во 2001 година, каде што му е дијагностицирано биполарно пореметување.
Три години подоцна, поради повредата на грбот се навикна на таблетите за болови, па почна повторно да пие.
Во 2008 година ја демолираше хотелската соба, по што е однесен на психијатрија. Пред пет години пијан возеше во спротивна трака, а истото го повтори и во 2011 година.