Покрената истрага против Нејмар

Од:

УЕФА објави дека покренува истрага против Нејмар, фудбалер на Пари Сен Жермен.

Нејмар од Бразил, преку социјална мрежа Инстаграм ги коментираше на навредлив начин одлуките од ВАР просторијата за време на натпреварот ПСЖ – Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите. Тогаш беше досуден пенал за гостите од Манчестер во судско надополнување по што Јунајтед избори пласман понатаму.

Нејмар го прекршил членот 11 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА со кој е пропишано дека дисциплински прекршок претставува кршење на општите принципи на однесување кои го доведуваат фудбалот и фудбалска органзиација на лош глас, како и секое навредливо однесување кое ги крши основните правила на пристојност. УЕФА, повикувајќи се на член 31 (3), го довери случајот до Етичкиот и дисциплинскиот инспектор, кој ќе одлучи за евентуална казна.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ